ЗА НАС

Еми – Бети д.о.о – Балон Магија е основана од 2004 година и е една од водечките компании за декорациии со балони во Македонија.
 
Ние постоиме да ги направиме вашите радосни моменти cо повесел амбиент и вашите деловни настани - во целост оргинални. Тука сме да ви понудиме разни декоративни решенија, чиј број секојдневно расте.
 
Балоните имаат чудесна моќ и  на оргинален начин ја изразуваат вашата порака и ги будат чувствата на младост и среќа. Нашите дизајни се богати со прекрасни бои и разни  композиции. Исто така и нашата колекција од аранжмани од балони е голема и разновидна и во неа има за секого и за секоја пригода. Секој аранжман е изработен од нашите професионалци рачно и со љубов , од материјал со најврвен квалитет и тоа специјално за вас и вашата достава. Тие аранжмани може да бидат ваши веќе следниот ден!
 
Вие можеби и не знаете дека такво нешто постои, но во светски рамки постојат стандарди и сертификати за професионално работење со балони. Тоа се вика CBA (Certified Balloon Artist) и нашата фирма е единствена во Македонија која го поседува овој врвен сертификат. Сите наши аранжмани  се изработени по тие стандарди. Еми – Бети д.о.о е член на меѓународната организација QBN (Qualatex balloon network).
 
Дали спремате забава? Сакате да изненадите некого? 

Придружете се на стотиците задоволни клиенти! Повелете во нашите продавници или јавете ни се! 

За нас

Контакт

Wildcard SSL Certificates w w w