ПРАВИЛА ЗА ИСПРАЌАЊЕ

Производот што сте го купиле ќе биде доставен на територијата на град Скопје во рок од еден или два работни дена од реализацијата на плаќањето. Односно нарачки / уплати  примени до 17:00 часот ќе бидат доставени следниот работен ден, а нарачки / уплати примени после 17:00 часот ќе бидат доставени за два работени дена. Во недела и за време на државни празници нема достава. За доставата низ Македонија рокот на испорака е од 2 – 5 дена. 
 
Ви нудиме можност за однапред резервиран ден и термин за испорака преку нашиот календар за достава, ако нарачката е направена неколку дена однапред. 
 
За испорака во текот на истиот ден (за Скопје) ве молиме јавете се на телефон и проверете дали е тоа возможно. Испораката во Скопје ја извршуваме сами и со транспортни компании со кои имаме склучено договор. Испораката на производите се доплаќа и трошоците за испорака ќе се вкалкулираат во крајаната цена.
 
Купените производи ќе ви бидат доставени на адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Доколку претставникот за испорака не успее да ве најде ќе остави писмена информација за направениот обид. Доколку примачот не е дома или е згрешена адресата која нарачателот ја дал, следната испорака ја наплаќаме во договор со нарачателот. Доколку нарачаниот производ не може да ви биде доставен од наша страна, ќе бидете контактирани со употреба на податоците кои сте ги оставиле при регистрацијата. Ве молиме внесете го и вашиот телефонски број, кој би бил користен за координирање на испорака на производите при купување. Нашите клиенти ке бидат навремено известени доколку има било какви промени околу испораката. 
 
Нарачаните производи ќе бидат доставени со испратница. 

За нас

Контакт

Wildcard SSL Certificates w w w