ПРИВАТНОСТ

Цел на политиката
 
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја користите веб страната: balonmagija.mk. Ги собира само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствари законските задачи и овластувања. 
Оваа политика дава општи информации и за начинот на одговор на Еми-Бети Доо - Скопје, на било какво нарушување на безбедноста на личните податоци, како и други права на субјектите на личните податоци кои им се гарантираат согласно Законот за заштита на личните податоци.
 
 
Контролор на збирки на лични податоци
 
Контролор на личните податоци е Еми-Бети Доо - Скопје, со седиште на ул. ул. Јан Хус бр. 27, Скопје, 1000, MK.
 
Еми-Бети Доо - Скопје, личните податоци ги обработува во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
 
 
Одговорно лице за  заштита на личните податоци
 
Нашeтo одговорно лице за заштита на лични податоци e Емилија Аџиев, со следната е-маил адреса: emibetisk@yahoo.com.
 
 
Чии податоци се собираат
 
При посета на веб страната, Еми-Бети Доо - Скопје, собира податоци поврзани со посетителите на истата.
 
 
Категории на податоци кои се обработуваат
 
При посетата на веб страната серверот, за секој посетител креира логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса,
- Уредот од кој пристапувате, 
- Вашиот оперативен систем,
- Видот на пребарувачот,
- Страните кои ги посетувате на нашата веб страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна,
- Јазикот на пребарувачот кој го користите и
- Држава (се одредува преку IP адресата).
 
 
Како се собираат личните податоци
 
Сите категории на лични податоци се собираат при посета на веб страната balonmagija.mk
 
 
Начела за заштита на личните податоци
 
Сите лични податоци кои се обработуваат од Еми-Бети Доо - Скопје, се: 
- обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин,
- собираат за конкретни, јасни и легитимни цели,
- соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат,
- точни и каде што е потребно, ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени и
- обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки.
 
Права на субјектите на лични податоци
 
На субјектите на личните податоци, им се обезбедените следните права: 
 
- правото да биде информиран за обработката на Вашите лични податоци,
- правото за пристап до личните податоци и нивна копија, 
- правото за исправка и дополнување на личните податоци, ако се нецелосни и неточни
- правото да се избришат личните податоци, 
- правото на ограничување на обработката, 
- правото на пренос, 
- правото на приговор и 
- правото на автоматско донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање.
 
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци можете да го контактирате нашето одговорно лице, Емилија Аџиев на e-mail emibetisk@yahoo.com
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за Вашите права
 
 
Категориите на корисници на лични податоци
 
Еми-Бети Доо - Скопје, нема да споделува податоци за посетителите на веб страната balonmagija.mk, со трети лице, освен со надворешниот соработник кој раководи со веб страната.
 
Политика на Директен маркетинг
 
Оваа политика објаснува како може да се користат вашите лични податоциза цели на директен маркетинг.
 
ШТО Е ДИТЕКТЕН МАРКЕТИНГ?
Директен маркетинг е рекламирање кое е насочено кон конкретни физички лица, за разлика од рекламите на билбордите, во весниците, преку телвизија или радио, кои се однесуваат за група физички лица, кои ќе ги прочитаат или слушнат.
 
ДАЛИ ГО КОРИСТИМЕ ДИРЕКТНИОТ МАРКЕТИНГ?
 
Еми-Бети доо Скопје- НЕ КОРИСТИ ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ  преку е- маил, усно, преку телефон или по пошта
Еми-Бети доо Скопје не продава, разменува или споделува лични податоци и информации за своите клиенти со трети лица за цели на директен маркетинг.
 
 
Онлајн продавница 
 
Нашата веб-страница воедно работи и како онлајн продавница. Личните податоци кои при процесот на нарачка сте ги оставиле во онлајн продавницата  ќе се користат само за целите на купување и/или доставување на нашите производи, услуги и содржини. Вашите лични податоци ни се потребни бидејќи без нив нема да бидеме во можност да ја спроведеме вашата нарачка. 
 
Личните податоци се чуваат се додека е неопходно да ја исполниме нашата обврска кон вас, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на испорака на производите или услугите, обезбедување гаранции, поддршка итн., освен кога сме законски обврзани дополнително да ги чуваме вашите податоци за целите на доставување на информации до органите на власта, како на пример до даночните служби. Ова складирање и пренос на вашите лични податоци до органите на власта се заснова на исполнување на законска обврска.
 
Регистрација на корисник/корисничка сметка 
 
Доколку сакате да ги користите услугите за онлајн продавница можете да креирате корисничка сметка преку следната страница https://www.balonmagija.mk/registracija. 
 
Личните податоци кои ги оставате во формуларот за регистрација ќе бидат обработени за креирање и одржување на вашата корисничка сметка и за целите на услугата за која сте ја креирале корисничката сметка. Овие податоци ќе се чуваат се додека не ја избришете сметката. Доколку ја избришете вашата сметка, вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен во случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци.
 
 
Пренос на податоци
 
Во процесот на обезбедување на услугите користиме услуга од трета компанија со што се врши пренос на вашите лични податоци. Оваа компанија се наоѓа во Кралството Холандија.
 
При пренос на податоци во трети компании, чии услуги ги користиме, се осигуруваме дека тие ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на лични податоци со цел да се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците. Не правиме пренос на лични податоци на други приматели, освен кога сме обврзани со закон да го направиме тоа. 
 
 
Време на чување на собраните податоци
 
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
За дополнителни информации и/или остварување на правата за заштита на лични податоци, може да биде контактиран одговорното лице за заштита на лични податоци Емилија Аџиев, од Скопје, на следната е-маил адреса: emibetisk@yahoo.com.
 
 
Постапување во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци 
 
Во случај на нарушување на безбедноста на личните податоци, Еми-Бети Доо - Скопје, веднаш и не подоцна од 72 часа откако дознал за истото ќе ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци, за нарушувањето на безбедноста на личните податоци.
 
 
Право на поднесување на барање до Агенција за заштита на лични податоци (АЗЛП)  
 
Доколку субјектот на лични податоци смета дека начинот на кој Еми-Бети Доо - Скопје, ги обработува неговите  лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, може да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, по која Агенцијата за заштита на лични податоци, ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Барањето може да се поднесе преку веб страната на Агенцијата за заштита на лични податоци или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ на веб страната: dzlp.mk.
 
Промена на политиката за приватност
 
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и активностите на Еми-Бети Доо - Скопје. 

За нас

Контакт

Wildcard SSL Certificates w w w