ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Со вашиот влез во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте со внимание:

Балон Магија (balonmagija.mk) е интернет продавница , која нуди продажба на  изработки (аранжмани) од балони и други производи. Страната е сопственост на компанијата Еми-Бети д.о.о Скопје , позади која стои децениско искуство во работа со балони и единствени изработки од нив.

 

Нашиот сервис овозможува  едноставно одбирање и купување. Кај нас можете да ги одберете и нарачате најубавите балони со што ќе заштедите од вашето слободно време и пријатно ќе ги изненадите вашите најблиски.

 

Балон Магија (balonmagija.mk) е отворена 24 часа за разгледување, пребарување и купување.

 

Плаќањето е обезбедено со посебен софтвер за интернет продавници, овозможено од Касис и Комерцијална банка а.д Скопје.

 

Дистрибуцијата опфаќа достава до адреса наведена од страна на купувачот во рок од  24 – 48 часа, на територија на Скопје.

 

Опис на производот

Еми-Бети д.о.о го задржува правото да ја менува делумно содржината и бојата на балоните во сите балонски аранжмани, во зависност од нивната достапност. Сите описи на производите се направени со цел  најблиско и најточно можно опишување. Сепак, Еми-Бети д.о.о не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. 

 

Цени

Сите цени се изразени во  македонски денари со вклучено ДДВ  и не ги вклучуваат трошоците за испорака. Испораката се доплаќа, цените на испораките се истакнати на нашата страна. Еми-Бети д.о.о го задржува паравото да ги менува цените на производите и услугите на својата онлајн продавница.

 

Што се случува ако некој од балоните пукне

Ние се грижиме вашите балони да стигнат на вашата дестинација во полн сјај и одлична состојба. Балоните се изработуваат од врвен материјал и со посебно внимание. Откога ќе ги изработиме, тие стојат кај нас под наш надзор извесно време  за да сме сигурни дека вие ќе го добиете најдоброто. Сепак ако се случи некој балон да пукне за време на доставата, ние ќе го замениме.  

 

Откако балоните ќе ви бидат доставени во одлична состојба, ние повеќе немаме никаква одговорност за нив. По доставата, вие сте одговорни за вашите балони.

 

Промена на боја во одредени дизајни е возможна само како генерална насока како  пример за женска особа, машка особа, момче, девојче, за повозрасен / на, повеќе на розево, повеќе на сино. За тоа можете да пишете во самата нарачка под забелешка. 

 

Како да се грижите за вашите балони

Балоните кои се чуваат во внатрешни услови, подалеку од апарати за загревање и ладење, подалеку од остри предмети ќе траат навистина долго. Ако се игра со балоните исто така може да им се намали времето на траење. Ние се грижиме да ги добиете најдобрите и најквалитетните балони кои ќе траат подолго од обичните балони. Балони од најдобрите производители во светот – Qualatex , Anagram.

 

Колку траат балоните

Ова е најчесто поставувано прашање. Ако ги чувате правилно , балоните траат многу долго , но сепак различно во текот на годината, во зависност од температурата на воздухот, влагата во воздухот, надморската висина.

Но, сепак, ова се некои параметри на балоните наполнети со хелиум и нивното траење.

11“: 5-12 дена,

16“: 2-3 недели,

18“ фолија балон: 1-2 недели,

Бабли: 2-3 недели.

 

Околу производите

Латексот балони кои ги користи Балон Магија во своите аранжмани се исклучиво од брендот Qualatex и се изработени од 100% природен каучук и се биоразградливи. Времето на летање на балоните од латекс не може прецизно да се гарантира бидејќи се од природен материјал.

 

Оксидацијата , губење на сјајот на балоните е нормален процес.

 

За време на забавата, балонот може да пукне или да се издише, за што Балон Магија не одговара. Наша грижа се балоните до доставата, каде, во присуство на доставувачот, тие ќе се превземат во одлична состојаба. Понатаму одговорноста и грижата за балоните е ваша.

 

Хелиумот како гас не е токсичен , но не е добро да се вдишува.

 

Пукнатите балони, односно нивните парчиња се опасни за деца. Внимавајте! Може да ги проголтаат.

 

Сите наши балони се рачно изработени и може да имаат некаква разлика од тие на сликите.

 

БЕЗБЕДНО ПЛАЌАЊЕ 

Во Балон Магија можете да платите на повеќе начини при избор на производ.

 

Првиот начин е да платите со платежна картичка која што е издадена од било која банка во Македонија и странство и подлежи на опцијата електронски плаќања VISA ELECTRON, Master, Maestro. Откако ќе го одберете производот и ќе го ставите во потрошувачката кошничка, треба да го финализирате плаќањето електронски. Податоците кои ги оставате во текот на плаќањето се заштитени од картичниот центар за електронски плаќања КАСИС. Тоа значи дека во моментот на плаќање се префрлате на безбедносната страна на КАСИС, а откога ќе заврши плаќањето се враќате на страната на Балон Магија (balonmagija.mk).Така што, никој, ниту Балон Магија (Еми-Бети д.о.о), ниту нашиот партнер Комерцијална Банка, нема пристап до вашите информации од картичката. На тој начин сте заштитени и нема потреба да се плашите да купувате он-лајн. 

 

Напомена: Употребата на платежни картички за купување он-лајн, кои што не се ваша сопственост, а ги користите без дозвола на имателот на картичката се смета за кривично дело и злоупотреба и за таквите дејствија ќе одговарате пред Законот.

 

Вториот начин е плаќање со профактура.

 

Политики и измени

Еми-Бети го задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време.

 

Контакт 

Еми-Бети д.о.о Скопје

 

E-mail: emibetisk@yahoo.com

Телефон 

070-888812,

070-379477,

070 365579

За нас

Контакт

Wildcard SSL Certificates w w w